Димовски на „Зелена недела“ во Берлин
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска и утре ќе присуствува на најголемиот меѓународен саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“, кој се одржува во Берлин.
Освен на саемот, министерот Димовски ќе учествува и на Самитот на министри за земјоделство што е дел од „Зелена недела“.
Во фокусот на годинашниот Самит е зајакнување на секторот земјоделство за подобро здравје на луѓето, обезбедување доволно храна и соодветна исхрана на населението.
Саемот „Зелена недела“ ќе се одржува до 26 јануари.
17.01.2014 - 10:09
Фото:
Сител
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа