Трамп: Би сакал да бидам папа

 


Пред да замине на митинг во Мичиген, претседателот Доналд Трамп се пошегува на прашање за избор на нов папа.

„Би сакал да бидам папа, тоа би бил мојот прв избор“, рече тој со насмевка.

Иако тврдеше дека нема фаворит, го спомена надбискупот на Њујорк, Тимоти Долан, како потенцијално добар избор.

Конклавот за избор на нов папа започнува на 7 мај.

30.04.2025 - 10:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега