„Чудо во Сихастрија!“ – Пронајдени моштите на двајца големи православни светци

 

Моштите на Свети Пајсиј (Олару) и Свети Клеопа (Илие) од Сихастрија беа пронајдени во понеделник и поставени во специјално изработени кивоти.

На чинот на обретението со посебна богослужба началствуваа Епископот Венијамин од Јужна Бесарабија и викарниот Епископ Никифор од Ботошани, при Архиепископијата на Јаши.

Личните предмети на овие двајца почитувани старци, кои беа сочувани во нивните гробови, беа внимателно поставени во посебно подготвени кивоти. По завршувањето на богослужбата, светите мошти беа носени во свечена поворка и поставени во главната црква на манастирот Сихастрија, каде беше извршен и соодветниот обред.

Ексхумацијата беше извршена според канонските правила на Црквата, со целосна грижа за правилната подготовка на светите мошти, кои наскоро ќе бидат положени во новите кивоти.

Локалното прогласување на нивната канонизација е закажано за 7 август, за време на свечената прослава.

30.04.2025 - 19:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега