Стефковски: Пожарите во Скопје се смислено сценарио за политички поени
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефановски смета дека се работи за смислено сценарио за опожарување на објекти со цел да се добијат политички поени пред локалните избори. Стефановски во изјава за медиумите рече дека доказ за тоа се видео снимките што денеска излегле во јавност.
- Во ноќните часови имавме случај во кој два одделни сервиси за автомобили беа опожарени. Видовме виео снимки во медиумите на коишто се гледа како лица свесно влегуваат, полеваат со бензин и ги палат овие сервиси така што ова е уште еден доказ за она што го говоревме деновиве дека се работи за смислено сценарио што некој размислува дека ќе му донесе некакви политички поени на овие локални избори, изјави Стефановски.
Задоволен е што за релативно кратко време е изгаснат пожарот во Трубарево и апелираше до оние кои на ваков начин сакаат да предизивкаат вознемиреност кај граѓаните, да не го прават тоа.
- За 15 часа е локализиран пожарот. Пред неколку години имавме сличен пожар во близина на Мадрид, четири дена имаше огнена стихија таму. Морам да апелирам до оние кои на ваков начин сакаат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните или да покажат некапацитетност на институциите, да го заборават тоа затоа што не вреди здравјето на граѓаните да го ризикуваме за некакви дневно-политички поени, рече Стефановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа