Трамп до Американците: Ве молам за трпение

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Американците треба да бидат трпеливи, и покрај тоа што во првото тримесечје од 2025 година е регистрирано намалување на економијата.

Трамп тврди дека неговите царини на крајот ќе доведат до подем во САД.

Сепак, претседателот на САД го обвини својот претходник, Џо Бајден, за лошите перформанси на економијата.

„Тоа е ефектот врз пазарите по Бајден, а не поради Трамп. Земјата ќе има економски бум, но треба да се ослободиме од преголемиот товар по Бајден. Ова ќе потрае некое време и нема никаква врска со царините, ова е лошото наследство што ни го остави Бајден. Кога ќе започне економскиот бум, тој ќе биде како ниеден друг претходно. Бидете трпеливи!“, додаде Трамп. 

30.04.2025 - 18:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега