Филков со целосна поддршка до Пандов: Правда мора да има и ќе има

 

 

Министерот за правда Филков со целосна поддршка до Пандов, на кој вчера му беше запален домот.

Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата.

Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени  во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители.

Правда мора да има и ќе има!, стои во реакцијата на Филков. 

 

30.04.2025 - 17:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега