Обединетите нации изразија загриженост поради судрите во Сирија

 

Обединетите нации денеска соопштија дека специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Гир Педерсен изразил загриженост поради насилствата во таа земја, особено во предградијата на Дамаск и во Хомс.

„Педерсен е вознемирен од извештаите за цивилни жртви, како и жртви меѓу припадниците на безбедносните сили, како и од можноста за понатамошна ескалација на исклучително кревката ситуација“, се вели во соопштението на Обединетите нации.

Центарот за мониторинг на човековите права денеска соопшти дека 22 лица се убиени во судири на периферијата на Дамаск, додека вооружени групи нападнале цивили и припадници на безбедносните сили.

30.04.2025 - 19:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега