Прегазена прилепчанка, итно пренесена во болница
Вчера во 13.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Тарцан“ во Прилеп, патничко моторно возило „ренџ ровер”со англиски национални ознаки, управувано од Д.М.(45) од Прилеп, удрило во Д.Б.(69) од Прилеп.
Во несреќата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп, соопштија од полицијата.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
29.01.2025 - 12:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа