На денот на бојкотот еден од најголемите македонски ланци на маркети најавува голема акција со попусти

 

На денот кога граѓаните најавуваат бојкот, маркетите се решија да стартуваат акции со кои „значително“ ќе се намалеле цените и тоа баш на најпотребните производи.
На ваква акција се решил маркетот Тинекс
Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи и ја започнува кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, во рамки на која веќе од 31 jануари и во текот на февруари ќе понуди намалување на голем број производи, кои се неопходни за потребите на едно семејство. Станува збор за производи, кои се клучни за функционирањето на домаќинствата и веруваме дека ќе придонесат во заштеди на семејниот буџет.“ – се вели во соопштението од компаниајта.
Оттаму додаваат дека растот на малопродажните цени се должи на растот на набавните цени.
Направените анализи во последните четири месеци од 2024 година покажуваат зголемување од 9% на просечните набавни цени во однос на истиот период во 2023 година. И покрај сето ова, Тинекс секогаш има слух за потребите на потрошувачите и успеваме  да понудиме производи со прифатливи цени“ – стои во соопштението на Тинекс.
Слична акција пред недела дена најави и Веро.
Граѓаните организирани преку социјалните мрежи за утре најавуваат бојкот на сите продавници како знак на револт поради превисоките цени.
Македонските маркети во 2023 година инкасирале нешто под 40 милиони евра чист профит. За 2024 сумата се очекува да биде и поголема.

30.01.2025 - 11:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега