Драма во Тетово: Возач не застанал на полициски знак, удрил полицаец и побегнал - полицијата пукала
Вчера во 22.05 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Р.(32) од Тетово. Управувајќи патничкото возило „опел“ со скопски регистарски таблички, во кое имало уште три машки лица, тој на ул. „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници.
Возилото било запрено на улица ,,Радован Цониќ“, но Ш.Р. со вратата од возилото удрил полициски службеник и се дал во бегство. Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршума во воздух. Околу 22.05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа