Поранешната сопруга на Кевин Костнер се сврши со негов поранешен пријател
Речиси две години по разводот со Кевин Костнер, дизајнерката Кристин Баумгартнер се сврши со Џош Конор – финансиер и поранешен пријател на славниот глумец, пишува „Пипл“ (People).
Според западните медиуми, парот се свршил на 26 јануари за време на интимна вечера на празна плажа во Калифорнија.
Баумгартнер и Костнер го завршија својот брак во мај 2023 – по 20 години брак, а таа почна врска со Конор истата година. Пред 11 месеци ставија крај и на долгиот, бурен процес по разводот, при што на крајот, Кристин добила месечна алиментација од нешто повеќе од 60.000 долари.
Според пишувањата тогаш, Костнер и порано се сомневал во нејзино неверство со Конор. „Оскаровецот“ призна дека разводот му бил исклучително тежок, но имал силна поддршка од своите деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа