Искористете го сонцето: УХМР најавува голема промена - се враќаат снегот и студот
Утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Во петок и сабота времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег.
Според УХМР, во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.
29.01.2025 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа