Битолчанец измамен за милион денари

 


Во СВР Битола вчера во 15 часот, 36-годишен битолчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 1.000.000 денари.

Според пријавеното, од 3 септември 2024 до пријавувањето, тој комуницирал со лицето преку различни телефонски броеви, при што бил упатуван во повеќе наврати да внесува парични средства во неговиот виртуелен паричник.

-Притоа во наведениот период преку една  платформа внел околу 1.000.000 денари, кои веќе ги немало на неговата сметка, информира МВР. 

19.11.2024 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега