Мицкоски од Косово: Нашата визија како две влади е да ја растуриме маглата од минатото

 

Сите политичари од минатото, коишто се темни сенки бидејќи не можете да ги слушнете како зборуваат за предлози и реформи, единствената карта на која што ја темелеа својата децениска политичка кариера беше криминал и корупција и етнички конфликти. Ние велиме сега ќе ја растуриме таа магла и ќе гледаме јасно во иднината. Ќе гледаме јасно во процесот на реформи, реструктуирање на нашите држави, борба против криминалот и корупцијата и тоа е нашата желба и тоа е нашата визија како две влади и така ќе продолжиме и во иднина да функционираме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на зедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти.

Прашан за одлуките на Уставниот суд и зошто токму кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се актуелизираат, Мицкоски рече дека од првиот до последниот судија во Уставниот суд се избрани во македонското Собрание кога мнозинство беше владината коалиција СДСМ и ДУИ. 

-Судиите коишто во моментот се дел од Уставниот суд, се судии коишто без исклучок се избрани од мнозинството на Демократската унија за интеграција и СДСМ. Навистина не знам од каде впечатокот дека ние имаме влијание, или сме можеби семоќни и ги контролираме сите политички партии, што не е така, изјави Мицкоски.

Прашан зошто вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ не присуствувал на денешната меѓувладина седница, Мицкоски рече дека „не е присутен поради оправдани обврски“.

-  Би сакал да кажам дека членот на Владата, Стоиљковиќ гореше од желба да биде денеска овде во Приштина, но, бидејќи ние ја поместивме владината седница требаше да биде во петокот, а денеска е понеделник и поради оправдани обврски не е денеска тука. Но, затоа заменикот министер, Неждет Мустафа денеска е тука и навистина имаше една прецизна јасна дискусија со неговиот хомолог од косовската Влада, изјави Мицкоски. 

18.11.2024 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега