ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја злоупотребил пандемијата за лична корист
За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото, односно што затекнавме од владата на СДС и ДУИ. Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче кога беше министер за здравство освен катастрофи, не направи ништо. Тоа посебно се виде во корона епидемијата кога него го интересираа само тендерите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Филипче и континуирано во својот мандат се интересираше само за тендери. За неговото министерување освен сомнителни тендери, корупција и криминал немаше ништо. Филипче откога седна на министерската фотеља на 25 декември 2017 година се префрлија 7 милиони евра од Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија завршиле на сметката на Синерџи. Синерџи е компанија во сопственост на Горан Филипов партнерот на Катерина Савеска, тешта на Филипче. Или тештата Савеска и Филипов се јавуваат заедно како инвеститори, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче само за една година од здравството на Синерџи префрлил два милиони евра.
-Реалноста која ни ја остави владата на СДС може кратко да се опише – корупција, криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа