Андоновски: Потребни ни се жени ИКТ професионалци
Беше вистинско задоволство да се обратам на министерската конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование, обука, истражување и иновации во Скопје. Настанот беше одлична можност да ја истакнам важноста на дигиталната трансформација за напредокот на нашата земја и регионот, напиша на Фејсбук министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Во објавата тој додава дека дигиталните вештини и иновациите се клучни за напредокот на нашето општество и економија.
„Мора да целиме кон 80% од возрасното население да имаат основни дигитални вештини и значително да го зголемиме бројот на ИКТ професионалци, со посебен фокус на жените во оваа област.
Овој состанок е важен чекор кон подлабока соработка со ЕУ во областите на иновации, истражувања и образование. Заедно со присутните, дискутиравме за клучната улога на Европската истражувачка област и Европската агенда за иновации во нашиот иден развој“, се дополнува во објавата на министерот Андоновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа