Сијарто предупредува: Следниве два месеца може да бидат најопасни
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении. Тој на Фејсбук напиша дека актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, „кој е сменет од власт, а чии способности многумина ги доведуваат во прашање“, може да носи одлуки кои можат да имаат катастрофални последици за светот, пренесе МТИ.
Сијарто додаде дека изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и дал шанса на Европа да го врати мирот на континентот, но дека има многу провоени политичари од двете страни на океанот кои се противат.
Тој предупреди дека распоредувањето на американско оружје длабоко во украинската територија може да доведе до избувнување на светска војна.
Светските медиуми, вклучително и Ројтерс и „Њујорк тајмс“, во неделата објавија дека администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден ја овластила Украина да користи крстoсувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија.
САД се уште не ја потврдија оваа информација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа