Приведен тинејџер - кршел се по дома, па со вратата ја потиснал раката на неговата мајка

 


Вчера во 21.00 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот во семејниот дом агресивно се однесувал, оштетил дел од покуќнината и со вратата и ја потиснал раката на неговата 43-годишна мајка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

18.11.2024 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега