Андоновски се сретна со украинската колешка: Најавена нова апликација ДИИА
Квалитетна средба со мојата колешка и драга пријателка, Валерија Ионан, заменик министер за дигитална трансформација на Украина, напиша на ФБ министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
„Поддршката за Украина не се огледува само во помошта која ние ја даваме како држава на пријателскиот украински народ. Заедно со Украина аплицираме за дигитални иновации во јавниот сектор и многу скоро револуционерната владина апликација ДИИА ќе биде присутна со своја македонска верзија“, се додава во објавата на министерот.
18.11.2024 - 17:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа