Кој ќе пее за Нова година на скопскиот плоштад?

 

Граѓаните кои ќе одлучат да ја дочекаат новата година на плоштадот „Македонија“, ќе се забавуваат со Калиопи, Тијана, Куку-Леле и Мустафа Имери. Новогодишната забава ќе трае до раните утрински часови, а граѓаните ќе можат да уживаат во популарна македонска музика, познати рефрени, динамични настапи и врвни аудио-визуелни ефекти.

Новогодишниот концерт ќе започне во 21 часот, а точно на полноќ, над Скопје ќе блесне спектакуларен и незаборавен огномет.

Од Градот Скопје, Т-Мобиле и Македонски телеком повикаа на што помасовна посетеност на новогодинешниот концерт, кој, како што велат, ќе биде вреден за паметење.

-Благодарност до Град Скопје и Т-Мобиле што после не знам колку години организираат македонска новогодишна вечер, со македонски изведувачи... Имавме многу понуди за надвор, но Дедо Мраз ми ја исполни желбата да си останам дома меѓу своите, истакна Калиопи.

19.12.2013 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега