Скопскиот аеродром се уште затворен за сообраќај
До пладне се очекува да биде нормализиран авионскиот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“, кој од вчера е во застој поради временските услови.
Од скопскиот Аеродром велат дека имаат потврда дека ќе слета авионот од Дубаи.
Утрово нема ниту полетувања, ниту слетувања. Откажани се летовите од Загреб и Истанбул. Во текот на вчерашниот ден откажан е летот од Истанбул, а од Виена и Ајнховен се пренасочени кон Софија, а од Цирих, Дизелдорф и Љубљана кон Охрид.
19.12.2013 - 09:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа