Детектор: Македонците бараат укинување на државни институции – Албанците сакаат статус кво

 

57,3% од анкетираните мислат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. 25,8% се на ставот дека треба да остане ист, а 11,3% дека треба да се зголеми, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Интересна е споредбата со анкетите од претходните години. Додека бројот на испитаници кои се на ставот дека администрацијата треба да ја кратиме, во последната анкета за нешто под 50% скокнал бројот на граѓани кои сметаат дека бројката треба да остане иста.

Половина од граѓаните сметаат дека имаме премногу институции. Ваков став делат 51,3% од анкетираните, наспроти 32% кои сметаат дека имаме соодветен број на институции. 10% од анкетираните сметаат дека треба да отвориме нови институции, бидејќи актуелната бројка е премала за потребите на државата

Интересна е споредбата според етничката структура на испитаниците. Додека нешто над 58% Македонци сметаат дека имаме премногу институции, таков став делат само 27% етнички Албанци. Тие во мнозинство од 50% сметаат дека имаме соодветен број на институции што е двојно повеќе од нешто под 27% Македонци кои го делат овој став.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

17.03.2024 - 19:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега