ФОТО: Кејт Мидлтон првпат во јавност по операцијата

 

Принцезата Кејт Мидлтон се опоравува од операција на абдоменот и сега е првпат видена во јавноста.

По многубројните шпекулации за состојбата на принцезата Кејт и тоа што никој не ја видел по операцијата, многу луѓе се загрижија, а дел од британската јавност се налути бидејќи речиси ништо не се знае за членовите на кралското семејство.

Сега се појави папарацо фотографија од Кејт. Таа е фотографирана во близина на Виндзор во автомобил со нејзината мајка Керол.

Последен пат беше видена на крајот на декември, по што беше објавено дека привремено се повлекува поради операција. Се претпоставува дека таа сега се појавила намерно, со оглед на тоа што некои медиуми дури почнале да шпекулираат дека принцезата е во кома, што се покажало дека е лажно.

04.03.2024 - 21:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега