Девет сообраќајки на улиците низ Скопје - повредени пет лица

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле девет сообраќајни несреќи. 

Шест од овие сообраќајни незгоди поминале со  материјална штета, додека во две сообраќајни несреќи пет лица се здобиле со потешки повреди. Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште шест незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Според податоците, во текот на изминатото деноноќие сообраќајната полиција санкционира 11 пешаци кои преминале надвор од обележан пешачки премин, шестмина пешаци кои поминале на црвено светло на семафорот за пешаци и петмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а  преземени се мерки и према деветмина возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив петмина возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и 10 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Пајакот отстранил 66 возила.

18.12.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега