Погледнете колку треба да платите доколку пајак ви го земе возилото во Скопје

На четириесетата седница на Совет на Град Скопје, одржана на ден 07 Март 2011 година се донесе „Одлука за давање согласност на Ценовникот на услуги кои што ги извршува ЈП Градски паркинг- Скопје“ со арх. број 07- 985/ 1 од 07.03.2011 година врз основа на која се дава согласност на Ценовникот на услуги кои што ги извршува Претпријатието со арх. број 02- 211/ 4 од 25.02.2011 година донесен на седница на Управниот Одбор на Претпријатието одржана на ден 25.02.2011 година согласно кој, во член 9, се регулирани цените на услугите кои што се извршуваат со помош на специјално возило Пајак

 

1. Пренос на возило во град: доаѓање, утовар, пренесување до депо на Сектор Пајак и истовар 
    (по налог на сообраќајна полиција) ... 2.500 денари

2. За претходна работа, при отстранување непрописно паркирано возило по налог на сообраќајна   полиција, од коловоз или тротоар, кога возачот на возилото се појавува на лице место и самостојно го отстранува возилото ... 1.500 денари

3. Подигање на возило од зелена површина* ... 3.500 денари

4. Надомест за сместување во Депо на Сектор Пајак по изминати дваесет и четири часа од отстранување, за секој изминат ден ... 500 денари

5. Преместување неисправно или оштетено возило, по налог на сообраќајна полиција, друг овластен работник или сопственик на возило, со транспорт до 10 km ... 2.000 денари 
5.1. доплата за секој изминат километар, над 10 кm ... 80 денари

6. Отстранување непрописно паркирано возило по повик на трето лице, со налог на сообраќајна полиција ... 2.000 денари

7. Преместување возило по барање на Извршител, до 10 km ... 4.000 денари  
7.1. за секој изминат километар, над 10 кm ... 80 денари

8. Преместување возило на повик на трети лица, за секое возило до десет возила ... 1.000 денари
8.1. за секое наредно возило (над десетото возило) ... 800 денари

9. Преместување на возило до Депо на Сектор Пајак по претходно поставено средство за блокирање на возило ... 2.000 денари

10. Поставување механичко средство за блокирање на возило ... 1.000 денари

11. Доплатен билет за пречекорување на дозволеното време на паркирање на јавните површини наменети за паркирање на кои се применува зонско паркирање ... 1.100 денари

12. Доплатен билет за паркирање на место за лица со посебни потреби ... 3.000 денари 

Цената на услугите наведени под реден број 11 и 12 е формирана согласно „Одлука за јавни паркиралишта од значење за град Скопје“, член 26 (Службен Гласник на Град Скопје број 17).

Сите наведени цени на услуги се со пресметан/ вкалкулиран данок на додадена вредност ДДВ.

17.12.2013 - 23:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега