Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Неколку сопски населби утре ќе останат без електрична енергија еве кои се тие: 

Од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците  од  селата Добрино, Тисовица, Градовци,  Гумалево  и Дејковец во општина Зелениково.

Во периодот од 09:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на ул. Миле Поп Јорданов, на ул. Јуриј Гагарин и на ул. Стогово во општина Карпош.

Од 10:00 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на  ул. Хашка во општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Бојане во општина Сарај.

Од 09:00 до 15:00  часот без струја ќе бидат корисниците  од  ул. Вашинтонска кај игралиштето во општина Шуто Оризари.

Прекините, како што информираат од РЦУК Скопје, се заради реализација на инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.

17.12.2013 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега