Денеска марш на сексуалните работници низ скопските улици

Голем број стриптизери, ескорт-дами, хотлајн-операторки, масерки, активисти за човекови права и нивни поддржувачи ќе маршираат денеска во Скопје, тргнувајќи од улицата Македонија.

Се работи за Маршот на црвените чадори кој од улица Македонија ќе заврши на плоштадот Kарпошово востание во Скопје. Маршот е организиран од страна на граѓанската Иницијатива за унапредување и промоција на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, а целта е да се укаже на како што велат,  лошите работни и животни услови на оние кои се нарекуваат сексуални работници.

За Дневник, АНабела од Скопје која денеска ќе биде дел од маршот си ја отвори душата и раскажа за својата работа.

- Повеќето луѓе ме викаат ку***, проститутка, но не ми пречи, бидејќи тоа е мој избор, моја работа и мој живот. Но, сепак, јас сум сограѓанка, комшивка, сестра, ќерка, пријателка, но и продавачка на љубов и сексуални задоволства. Имам триесетина години, а веќе 13 години заработувам продавајќи сексуални задоволства. Уште кога наполнив 18 години сфатив дека ниту една друга работа не ме исполнува, вели триесетгодишната девојка за Дневник.

Инаку, Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. 

17.12.2013 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега