Тасевски: Со настаните на 4. јануари започна одмотување на клопчето во М-НАВ

Претседателот на синдикатот на М-НАВ Александар Тасевски во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека на 4 јануари во М-НАВ бил почетокот на одмотување на клопчето. Тој рече дека тоа не е настан кој резултира од грешките од вчера или завчера, туку покажува дека целиот овој период погрешно била поставена целата постапка, кој лица биле вработени во службите за обезбедување, каква била нивната задача, дали имале други активности, кога во одреден момемнт се договориле да направат напад врз контролор на летање, но законодавството да си ги одговори овие прашања.

„Од оние што ги видовме на Телевизија тројца ги препознавме како наши вработени, кои биле другите четири навистина не знам, може да ги видам вака би ги препознал. Од друга страна дали биле вработени кај нас или не тоа ќе мора да прашате некој од раководството. Или сегашниот директор Хасим, кој остана кој е одговорен за секторот за човечки ресурси. Може е некој наш вработен но никогаш не дошол на работа“, вели Тасевски.

За тоа дали е влезено во контролната соба, тој рече дека за тоа треба да одговори истрагата.

Јас не бев таму, од информациите кои ги добив таму имало влечење, туркање, наводно имало одење кон контролната соба. Имало расправии, кои на крај резултирале со удар. Не сум меѓи тие што ги гледал снимките за да анализирам. Знам дека имаше истражни органи кои уште првиот ден ги гледаа снимките и анализираа што се правело, направија и записници и знаат што точно се случувало. Имаше и лица од М-НАВ кои се задолжени во овој дел на безбедносно одделение, тие беа инволвирани во самата постапка на разоткривање на настаните, вели Тасевски.

Тој додаде дека функционирањете како синдикат било во насока на безбедноста на граѓаните.

Се повлекувавме од најавените штрајкови само за граѓаните да не трпат, бидејќи тие се најмалку виновни за состојбата во М-НАВ. Ова не е наша активност која сме ја почнела сега туку години наназад и гледаме чекор по чекор нешто да постигнеме. Факт е дека поради сите пропусти во минатото дојдовме до онаа состојба од пред некој ден, вели Тасевски.

Тој потенцираше дека во М-НАВ има партиски вработувања, вработувања на несоодветни кадри, онаа функционална анализа. Еден од директорите си даде сам отказ, еден е разрешен, се активираат сите можни инспекции.

Тоа што баравме ангажирање на фирма. Веќе имаше два тендера главните заложби беа критериумите да не може да конкурираат фирма која нема искуство. Имаше прв обид за тендер кој беше смешен, како рокови од 8 дена за пријавување на меѓународен тенднер, тој не помина нашиот притисок се продолжи и на следниот тендер имаше нови рокови, се пријавија фирми. 23 јануари треба да се отворат новите понуди ако минатиот пат имало 4 заинтересирани фирми, сега очекуваме повеќе да се пријават. И да почнат постапки на функционална анализа кај нас, објасни Тасевски.

10.01.2024 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега