Бектеши за Иловица: Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, не се работи за една, туку за две концесии

 

Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во врска со концесиите за рудникот „Иловица - Штука“.

Според него, не се работи за една, туку за две концесии.

-Како што најавувме на брифингот, ние сме доставиле само хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 година до денеска во делот на Предлог-одлуката за спојување. Истата информација беше на седницата на Владата, не е сменето ни образложението, ни информацијата, но ова е политичка Влада и се носат во одредени моменти и политички одлуки, истакна Бектеши. 

Тој на прес-конференцијата во Владата, која е во тек, детално информира за сите управни и судски постапки, заклучоци и одлуки поврзани со рудникот.

Бектеши најпрво им се извини на новинарите за вчерашното одложување на прес-конференцијата. Рече дека причина за тоа била долгата и конструктивна дебата на владината седница, поради што Министерството за економија било принудено да ја одложи прес-конференцијата.

26.07.2023 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега