Педро Санчез пристигна во Киев: „Сакав тука да почне првиот чин на шпанското претседателство со ЕУ“

 

 

Шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во Киев, на денот кога Шпанија го презема претседавањето со ЕУ.

„Веќе во Киев. Сакав првиот чин на шпанското претседателство со Советот на ЕУ да биде во Украина заедно со Володимир Зеленски“, напиша Санчез на Твитер.

Тој додаде дека ќе ја пренесе европската солидарност до украинската влада и парламент.

„Ќе го поддржуваме украинскиот народ додека не се врати мирот во Европа“, нагласи Санчез.

Шпанија денеска го почнува претседавањето со ЕУ.

01.07.2023 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа