(Вознемирувачко видео) „Не сакаме ваква земја“- Снимка од насилен напад врз постара жена и мало девојче ја крена Франција на нозе
Француската јавност се крена на нозе по објавувањето на видеото од насилен напад врз една постара жена и нејзината внука, пренесува „Newsweek“.
Француските власти соопштија дека инцидентот се случил во понеделникот во пристаништето Бордо на југоистокот на земјата.
На видеото снимено од безбедносните камери може да се види како 73-годишната жена и девојката стојат во влезот од зграда и дека маж е оддалечен од нив на околу пет метри. Тој стои на тротоарот пред таа зграда.
Кога мажот почнал да им се приближува, двете влегле во зградата и почнале да ја затвораат влезната врата. Но, тој не им дозволил да ја затворат и насилно влегол во зградата по нив.
На видеото се гледа како мажот ги извлекува од зградата и ги фрла на земја.
Француските власти соопштија дека видеото и изјавите на сведоците и помогнале на полицијата брзо да го уапси осомничениот. Неговиот идентитет не е откриен.
Повозрасната жена по нападот била пренесена во болница, но не се знае каква е нејзината здравствена состојба.
„Префектот го осудува овој неприфатлив чин и се надева дека наскоро ќе бидат познати сите негови околности“, велат од градот Бордо.
Видеото од споменатиот напад на Твитер го објави поранешниот градоначалник на Бордо, Николас Флоријан. Тој напиша дека „неподносливиот“ напад се случил среде бел ден.
„Им ја давам сета своја поддршка. Барам силна реакција од правосудните органи,“ додаде Флоријан.
Повикувајќи се на извори во полицијата, телевизијата „БФМ“ објави дека осомничениот е роден во 1993 година во Бордо и дека од претходно и бил познат на полицијата.
Неколку екстремно десничарски политичари сугерираат дека мигрантите кои дошле во Франција се виновни за криминалот во земјата.
„Колку лошо. Бордо денес. Така и направија на нашата држава. Французи, разбудете се“, напиша на Твитер поранешниот претседателски кандидат Ерик Земур.
Претседателот на екстремно десничарската партија Национален фронт, Џордан Бардела, напиша дека снимката од нападот во Бордо е „застрашувачка“.
„Не сакам таква Франција каде што ќе можат да те нападнат на прагот, и тоа за џабе. Никогаш не се навикнувајте на тоа“, рече Бардела.
Quelle horreur. Bordeaux aujourd’hui. Voilà ce qu’ils ont fait de notre pays. Français, réveillez-vous. pic.twitter.com/isuIzeHM96
— Eric Zemmour (@ZemmourEric) June 19, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа