Во завршна фаза изградбата на паркингот до „Свети Пантелејмон“
Таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорот на јавното претпријатие „Улици и патишта“ Синиша Ивановски, направија увид во градежните работи за изградба на нов паркинг простор до манастирот „Свети Пантелејмон“.
- Новиот паркинг простор е изграден на површина од 2.400 метри квадратни, каде се поставени два слоја асфалт. Првиот е од БХНС со дебелина од 22,7 сантиметри, додека вториот е АБ 11 со дебелина од пет сантиметри. Реконструираниот паркинг простор има капацитет од 72, додека со изградбата на новиот ќе се обезбедат дополнителни 120 паркинг места. Со реконструкцијата и изградбата на новиот паркинг простор значително ќе се подобри пристапноста за сите посетители на манастирот „Свети Пантелејмон“ и „Етно селото”, кое е во изградба, како и на сите посетители на планината Водно, рече Трајановски.
Реконструкцијата на постоечкиот и изградбата на новиот паркинг простор опфати градежни активности на површина од 4.300 метри квадратни, со што ќе се добијат вкупно 192 паркинг места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа