ВИДЕО: Полицијата интервенираше на мостот Око - Цар Душан не доби црна наметка

 

Кратко траеше мирниот протест пред споменикот на Цар Душан на мостот Око во центарот на Скопје. Се појавија 20-тина граѓани, се обидоа да го покријат споменикот со црна наметка, но полицијата ги спречи. 

 

- Јас повикав јавно на овој протест, и еве ме јавно прес сите вас, додека тие што градат скришно, уриваат скришно. Минатите денови се створи маглива ситуација околу авторството на поставувањето на овој споменик, па затоа презедов лична и граѓанска иницијатива за да дојдеме до вистината околу тоа кој го поставил овој бетон тука, наречен Цар Душан. Ова ќе го сториме со тоа што споменикот ќе го покриеме со црна наметка на срамот, и тие што ќе го откријат споменикот ќе ги сметаме за автори на поставувањето. После ова, можеме да разговараме затоа, кому му служи ова што Владата на Македонија иницирала поставување на споменик на еден српски владател кој ако не кај Македонците, кај Албанците се перципира како владател кој ги принудуваше католиците Албанци да постанат Срби и православни, додека тие кои не се сложуваа ги убиваше на подмолен начин, рече денеска иницијаторот на собирот Африм Гаши, пренесува Канал 5. 

Гаши се огради од вчерашниот обид за уривање на споменикот, тврдејќи дека тој е против насилни мерки. Полицијата работи на откривање на насилниците кои вчера го оштетија споменикот на Цар Душан.

ВИДЕО: А1Он

07.12.2013 - 13:11
Фото: 
А1Он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега