Ќе се прошируваат булеварите „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Никола Карев“
Таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска објави дека булеварите „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Никола Карев“ или Пластичарска улица до Американската амбасада и делови од улицата „Цветан Димов“ ќе се прошируваат идната година.
Градоначалникот Трајановски потсети и на дел од реализираните активности на Град Скопје и јавните претпријатија за 2013 година на територијата на општина Чаир.
- Пуштена е во употреба новата кружна крстосница меѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“, како и повеќе зафати на територијата на месната заедница „Бајрам Шабани“, рече Трајановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа