ВНИМАВАЈТЕ: Во Скопје не се диши

 

На официјалната веб страница на Министерството за животна средина и просторно планирање за квалитетот на воздухот на последното мерење се покажа дека воздухот во Скопје е загаден пет пати над дозволеното. Многу високи концентрации има во Центар и Лисиче, а високи во Карпош.

Високи концентрации беа забележани и во текот на вчерашнот ден на сите мерни места во Скопје, како и во Кичево и Тетово.

 Во ваков случај се препорачува ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Инаку, индексот е многу висок кога концентрацијата на ПМ10 е 180 микрограми на метар кубен, а висока концентрација се смета кога концентрацијата е меѓу 90 и 180 микрограми. Дозволената концентрација е 35 микрограми.

Повеќе информации за квалитетот на воздухот на airqualitu.moepp.gov.mk.

06.12.2013 - 13:26
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега