„Пиј музика, слушај вино“ - започнува третиот Вински саем во Скопје

 

Во Метрополис арената денеска стартува третото издание на Винскиот саем под мотото „Пиј музика, слушај вино“. На Саемот ќе се претстават 12 винарии од кои 10 од Македонија и по една од Франција и Италија и пет произведувачи на млечни, пекарски и месни производи, а ќе се организираат и интерактивни работилници, а денеска од 17 часот ќе се одржи и најголемата забава после работно време на која се поканети сите поголеми македонски компании.

Официјалната музичка програма ќе започне од 19 часот со настапот на Жаклина Стефковска, во 21 часот ќе настапи Драган Мијалковски, а од 23 часот Нокаут. Утре ќе биде изворно-народен чалгиски ден со настап на Скопски чалгии, Чалгија саунд систем и Нино Величковски со Кумановски тамбураши. В недела ќе настапат Трио Симон Киселички, Стринг Форсис и Фрајле. По потреба после 1 часот по полноќ и секој од трите дена од 17 до 19 часот присутните ќе ги забавува диџеј Џон Антонио.

06.12.2013 - 09:24
Фото: 
доктори.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега