Англиска водителка „и одржа лекција“ на ФИФА – го направи тоа што му беше забрането на Кејн (ФОТО)
Британската новинарка, Алекс Скот, која известува од Мундијалот во Катар, го направи тоа што не смееја да го направи капитенот на Англија, Хари Кејн – на раката додека се јавуваше во живо носеше капитенска лента во боите на виножитото во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата.
Англичаните до утринава се „удираа в гради“ дека без разлика на протестот на земјата-домаќин и на ФИФА сигурно ќе ја носат ваквата лента, но кога дојде заканата со жолт картон за ваков прекршок, тие веднаш се откажаа од намерата.
Но, новинарката на „Би-Би-Си“ реши да им одржи лекција на сите за слободата и во директен пренос гордо го носеше овој предмет околу раката. Сега се очекува реакцијата на ФИФА, која неодамна покажа дека секогаш се залага за слободата освен кога треба да земе големи пари за организација на првенство од земја каде што слободата и човековите права не се почитуваат.
Alex Scott sports the #OneLove armband after England’s decision to abandon the gesture over FIFA sanctions. #FIFAWorldCup | #Qatar2022 pic.twitter.com/MfSTBIZM8E
— SPORTbible (@sportbible) November 21, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа