Кац: Иран вечерва ги премина црвените линии
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Иран вечерва „ги преминал црвените линии“ со лансирањето ракети врз цивилни населени центри и вети дека Техеран „ќе плати многу висока цена“ за своите акции, јави Си-Ен-Ен.
Во меѓувреме, израелската полиција соопшти дека остатоци од пресретната иранска муниција паднале во Северниот округ на Израел. Портпаролот на полицијата истакна дека засега нема пријавено повредени, но е регистрирана материјална штета.
Пожарникарите во Северниот округ работат на два инцидента на отворени простори предизвикани од иранските напади, според локалната служба за пожар и спасување.
Пред малку, Израелската команда за домашниот фронт соопшти дека цивилите можат да ги напуштат засолништата, но треба да останат во близина на безбедни места за да бидат подготвени за евентуални нови напади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа