ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави популизам со трагедијата во Кочани
СДС уште еднаш покажа дека нема никакви граници кога станува збор за популизам. Уште од првиот ден се обидува да ја попречи истрагата преку политички спинови и прес-конференции на денот на трагедијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде беше СДС кога требаше да се обезбедат безбедносни стандарди и протоколи?
Каде беа кога Спасовски го претвори МВР во институција што повеќе прикрива, отколку што открива криминал?
Зошто молчеа кога Филипче беше изземен од одговорноста за модуларната болница?
За модуларната им беше крив кабелот, па потоа за Дурмо турс - шоферот. Зошто тогаш не беа волку гласни? Или за Беса транс? СДС не се бореше вака за ниту една од тие трагедии, што и понатаму го поткрепува фактот дека се што прават е само обид за политички поени.
Сега институциите функционираат.
МВР обезбеди клучни докази кои веќе се во рацете на ЈО. Во услови на политички притисоци и обиди за манипулација со јавноста, МВР не се впушти во празни изјави, туку се фокусираше на својата суштинска улога.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи избор да се фокусира на граѓаните.
Одлуката Пониква да се претвори во простор за рехабилитација на повредените е пример за институционална емпатија и грижа.
Владата не останува само на декларативни заложби, туку обезбедува реални услуги како што се медицинска грижа, психолошка поддршка, социјални работници и бесплатно сместување“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа