Сајкоски определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ

 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски е определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на партијата за локалните избори.

Тој ќе ги води кампањите на партијата за претстојните избори на есен.

ВМРО-ДПМНЕ досега објави 33 кандидати за градоначалници.

Одлуката за кандидат за градоначалник на Град Скопје, партијата ќе ја соопшти кон средината на идниот месец.

13.06.2025 - 21:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега