Линеарно зголемување на платите на вработените во „Водовод и канализација“
Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Златко Перински до Управниот Одбор на претпријатието ќе предложи да се пристапи кон линерно покачување на платите на сите вработени во ЈП „Водовод и канализација“.
Како што информираат од претпријатието, ова покачување ќе ги опфати сите 1 278 вработени чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2 806 денари. Ова е прво вакво зголемување на платите по нивна 13 годишна стагнација.
Оттаму посочуваат дека ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба, и е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои се соочува јавното претпријатие, наследените финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
-Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во
Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124.316.964 денари, Општина Зелениково 41.320.352 денари итн. ЈП Водовод и канализација – Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува нашиот приоритет, се наведува во соопштението на претпријатието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа