Посебен сообраќајен режим утре и задутре поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ
Поради најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, од 17.00 часот на 17.06.2022 (петок) до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
16.06.2022 - 16:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа