Целосно изгаснат пожарот кај „Комуна“, нема повредени

 

Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита е примена во 4.55 минути. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА изјави дека за кратко време пожарот е ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката.

Нема повредени, но е причинета материјална штета.

Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински  протстор во кој била складарна пластика за понатамошна рециклажа.

– Карактеристично е што во кругот на фабриката и во објектите немаше функционална хидрантска мрежа, потенцираше за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

21.05.2022 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега