Крис Рок не разговарал со Вил Смит по шлаканицата
Крис Рок не разговарал со Вил Смит по шлаканица на „Оскарите“, тврдат американски медиуми додавајќи дека наводно комичарот не знаел дека Џејда Пинкет Смит има алопеција.
Медиумите цитираат инсајдер, кој вели дека комичарот допрва треба да се сретне со Вил откако актерот го удри на сцената на „Оскарите“ во неделата вечерта.
Според истиот извор, Крис не бил свесен дека Џејда Пинкет Смит боледува од алопеција кога се пошегува дека со нејзината избричена глава личи на Деми Мур во „Џи Ај Џејн“.
ТМЗ објави дека Крис и Вил допрва треба да го решат проблемот приватно и дека немало никаква комуникација меѓу двајцата по инцидентот.
Близок пријател на Крис информира дека комичарот веднаш се вратил во својата соблекувална по инцидентот и ја напуштил зградата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа