Ким Кардашијан има нова професија: Тргнува по стапките на својот покоен татко
Ким Кардашијан тврди дека има уште една улога во животот што треба да ја одигра и се надева дека луѓето ќе почнат да ја сфаќаат многу посериозно. Тоа е улогата на адвокатот.
Ѕвездата на реално шоу, мајка, сопственичка на компанија и актерка во многу други познати и неславни улоги, по бурниот развод од раперот Кање Вест, во неодамнешното интервју за Vogue Hong Kong изјави:
– Сонувам да создадам успешна адвокатска канцеларија по примерот на татко ми Роберт Кардашијан, кој беше познат адвокат.
Таа објасни дека нејзиниот татко значително влијаел врз одлуката да тргне по неговите стапки и дека нема да се откаже.
– Дефинитивно ми влијаеше дружењето со татко ми во неговата канцеларија. Желбата да се занимавам со оваа работа со години ја носам во душата и многу сум горда што сега ќе ја реализирам.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа