Заглави ревизијата на Жерновски на Скопје 2014 - 10.000 евра отидоа?

Иако беше најавено дека за 90 дена ревизорите на Жерновски на проектот Скопје 2014 ќе излезат со резултатите од втората фаза на ревизијата и по речи си 100 дена, од прибраните податоци нема ништо. Ниту Тасева ниту Малиновски не излегоа со податоци во јавноста иако за тоа, граѓаните на општина Центар ги платија со 10.000 евра.
Опозицијата во Центар денеска реагираше дека СДСМ и Жерновски си ги платиле своите партиски кадри а во Скопје 2014 не успеале да најдат ништо.

-Иако Жерновски најавуваше дека работата на оваа комисија ќе заврши за само 90 дена, тие и по работа долга 180 дена не открија ништо незаконски и нелегално во овој проект. Со ова се потврдува дека комисијата беше создадена со популистички намери, и дека нејзиното формирање е само хајка која се користеше за политички цели, без аргументи и докази, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Центар/

Во соопштението се вели дека со ова се одзема еден од главните аргументи за критика на Жерновски и неговата коалиција предводена од СДСМ.

-На овој начин се поврдува дека СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски ја лажеле јавноста со низа измислици и неаргументирани критики. Комисијата на Жерновски освен по скапите дневници исплатени на нејзините членови  не може да се памети по ништо друго делотворно, стои во соопштението.

Малиновски и Тасева последните резултати ги објавија на 12 август.

18.11.2013 - 23:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега