Бесими на симулацијата „Модел Европски парламент“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе се обрати на симулацијата „Модел Eвропски парламент“ што ја организира Меѓународното училиште НОВА.

На третата сесија околу 70 ученици од 21 среднo училиштe на Република Македонија се презентираат како делегати и претставуваат држави членки на Европската Унија, а најдобрите пет делегати од национална симулација ќе имаат можност да учествуваат во Интернационалната сесија на Модел Европски Парламент во Вилниус, Литванија од 30 ноември до 7 декември.

20.10.2013 - 10:16

најчитано сега