Физичка пресметка меѓу соседи во беровско – едниот се обидел да го прегази другиот со кола

 

Вчера во ОВР Берово е пријавено дека околу 10.00 часот во с.Двориште, беровско, поради претходно наршени односи, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(75) и В.Р.(45), двајцата од с.Двориште, при што биле употребени и тврди предмети.

По ова, синот на 75-годишниот А.К. се обидел со автомобил да го прегази соседот во неговиот двор, пишува во билтенот на МВР.

„Подоцна, во врска со настанот, во ОВР Берово В.Р. пријави дека пред неговиот двор во селото, В.К.(53) од с.Двориште се обидел да го удри со патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

05.05.2025 - 21:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега