Добри вести за возачите: Горивата поевтинуваат

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32 % во однос на одлуката од 28.04.2025 година. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 ден/кг и сега ќе изнесува 36,042 ден/кг. 

Од 06.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95   73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98    75,00 (денари/литар) 

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   65,00 (денари/литар) 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)65,00 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС 36,042 (денари/килограм)

05.05.2025 - 12:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега