Ќе се реконструира улицата „Јоаким Стојковски“ во Прoбиштип

Во Пробиштип денеска беше потпишан Договор меѓу општината, Владата и Светска банка за заем за изградба и реконструкција на ул. „Јоаким Стојковски“ во тој град.

- Заемот изнесува 500.000 евра и со него ќе ја реконструираме улицата „Јоаким Стојковски“ во должина од 1.220 метри. Ова ќе значи многу за реализирање на сообраќајот и движењето на пешаците на оваа главна сообраќајница во Пробиштип, истакна градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски.

На потпишувањето на Договорот присуствуваше и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Вицепремиерот Ставрески присуствуваше и на предавањето во употреба на повеќенаменското игралиште во централното градско подрачје за кое Агенцијата за млади и спорт инвестираше седум милиони денари.

19.10.2013 - 14:58

најчитано сега